Уште пред некој ден се појавија вести за несогласувања во Ал Итихад, кои биле испровоцирани од разговорите за нови засилувања, меѓутоа ова е нешто друго.
Португалецот Нуно Еспирито Санто, наводно не го сакал Бензема во својот тим. Тој, всушност, воопшто не го побарал него како засилување, туку клубот, наводно, го донел за имиџ и, се разбира, за неговиот неспорен квалитет, но важно, без да го консултира Португалецот. Тој велел дека Бензема не му бил потребен во неговиот концепт, а симптом за тоа е и фактот дека не му ја даде капитенската лента, иако Французинот ја побара.
Тој исто така не бил задоволен од оваа ситуација и, наводно, побарал од својот агент и од посредникот на трансферот да „најде решение за оваа ситуација“. Тоа веднаш го протолкуваа како желба на Бензема што порано да си замине од клубот и покрај тоа што е платен преку 200 милиони евра по сезона. Клубот има две победи од два меча во новата сезона, но Бензема нема постигнато гол, а ги одигра сите 180 минути.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.