Бензема сака да се врати во Катар за финалето, еве што порача Дешам

by
1 минути читање

Карим Бензема се повреди непосредно пред стартатот на Светското првенство, Дидјде Дешам не повика замена и го остави напаѓачот на списокот, па на хартија, тој се уште може да настапи на мундијалот.

Како што пренесува АС, Реал Мадрид нема да му прави никакви проблеми на Карим Бензема доколку реши да се врати во Катар и се верува дека голгетерот сака да биде дел од финалето и дуелот против Аргентина.

Доколку Карим Бензема се појави во Катар, веројатно ќе биде само како навивач плус.

Дидје Дешам синоќа беше запрашан за можноста Карим Бензема да одигра некоја минута во финалето, а тренерот на Франција само кратко одговори: „Пффф… Следно прашање ќе ве молам“.

За победата над Мароко и обезбеденото финале тој рече: „Гордд сум, ова е специјално. Сите сме среќни, јас, мојот персонал и играчите“.

„Заедно сме еден месец, не е лесно, но привилегија е да се биде со оваа група. Сега се фокусираме на финалето, прекрасно е што повторно снигнавме до самиот крај“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани