Карим Бензема се
повлече од репрезентацијата на Франција по новата контроверзија која се случи
на мундијалот во Катар.
Напаѓачот се
повреди пред стартот на Светското првенство, но се опорави многу побрзо од
очекувањата и се говореше дека може да биде дел од последните мечеви, но тоа не
се случи.
Потоа се појавија
гласини за заткулисни игри, односно капитенот Уго Лорис и Антоан Гризман биле
против враќање на Карим Бензема во репрезентацијата.
Дека нешто се
случувало зад сцената покажуваат и последните активности на социјалните мрежи,
Карим Бензема на Инстаграм ја „избриша“ речеиси цела репрезентација на Франција
и следи само пет фудбалери кои настапија во Катар.
Се работи за соиграчите
од Реал Мадрид, Едуардо Камавинга и Орелиан Чуамени, како и Килијан Мбапе,
Рафаел Варан и Маркус Турам.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.