Бензема го нарече Дешам – кловн! (ФОТО)

by
2 минути читање

Селекторот на Франција, Дидие Дешам во интервју за „Ла Парисиен“, ја објасни ситуацијата на Бензема за време на Светското првенство, зошто тој си замина, и зошто не беше вратен за последните натпревари иако беше фит и играше пријателски меч за Реал Мадрид.

„Карим ја знае вистината. Тој ни се приклучи на 14 ноември откако беше полуактивен за тимот поради повреда. Потоа работеше под посебна програма, а неговото враќање на тимскиот тренинг беше одложено. Не беше сигурен дали ќе може да игра против Австралија на првиот натпревар“, вели Дешам.

„Кога се повреди ги испрати резултатите од магнетната резонанца на Реал Мадрид за да добие второ мислење. И двете мислења на лекарите беа исти. Карим беше лут бидејќи Светското првенство му значеше многу, ми велеше дека е уништен“.

„Рече дека е разочаран што мора да замине, но сметаше дека така е најдобро за тимот. Бевме заедно околу 20 минути. Му реков дека нема потреба да брза со заминување, но кога се разбудив него веќе го немаше“.

„Пријателскиот за Реал? Дали мислите дека тоа може да се спореди со интензитетот на полуфинален меч на СП? И покрај неговиот талент и статус, дали мислите дека тој можеше да се врати во последен момент? И Карим сам би кажал дека не е подготвен“.

„Му се јавив тогаш имавме долг разговор. Неодамна повторно му се јавив за да го прашам дали и конечно ја напушта репрезентацијата. Тој ја потврди одлуката. За аргументите не ме прашувајте мене, прашајте го него“.

Бензема имаше реакција на инстаграм на овие зборови на Дешам, фудбалерот на Реал Мадрид извади делови од интервјуто, напиша „но, каква дрскост“ и стави емотикон кловн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани