Бензема: Фудбалскиот проект и религијата се причините поради кои заминав за Саудиска Арабија

by
1 минути читање

Бензема вели дека главна причина за неговото заминување во Саудиска Арабија е фудбалскиот проект и верскиот момент, тоа што е блиску до Мека.

„Кога ми го покажаа спортскиот проект, ми изгледаше навистина големо и посакав да бидам дел од него. Сакам да помогнам оваа земја да расте на фудбалски план. Горд сум на сето тоа што го направив и што го освоив со Реал Мадрид, но мислам дека сега беше вистинско време за промена“, вели Бензема.

„Како муслиман кога сте блиску до Мека чувствувате мир во себе. Тоа е причината поради која дојдов тука, Саудиска Арабија е посебно место и тука чувствувам мир. Тие се муслиманска земја, ме пречекаа со отворени раце, од првиот ден се почувствував сакано“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×