Килијан Мбапе минатиот месец испрати писмо до ПСЖ за да извести дека нема да ја активира клаузулата со која се продолжува соработката до јуни 2025 година.
Ваквиот потег предизвика многу проблеми на „Паркот на принцовите“ а „светците“ завзедоа јасен став, или напаѓачот ќе стави потпис на нов договор, или ќе биде продаден до крајот на летниот преоден рок.
Како што пренесува Марка, во ПСЖ сметаат дека една од причините за ваквиот развој на настаните е заминувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија.
Весникот вели дека неколку недели пред одлуката на Карим Бензема да го напушти Реал Мадрид, преговорите помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе за нов договор бележеле добар прогрес, двете страни верувале дека ќе имаат бенефиции од продолжувањето на соработката и ова сценарио. „Светците“ ќе добијат солидна отштета летото во 2024 година, додека пак напаѓачот ќе си го оствари сонот да игра за Франција на Олимписките игри, и потоа да го наследи својот сонародник на „Сантијаго Бернабеу“.
Но се се променило кога Карим Бензема решил да ги прифати милионите од Саудиска Арабија и да го напушти Реал Мадрид, Килијан Мбапе ја променил стратегијата и сака што поскоро да го облече белиот дрес.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.