„Вештерките“ беа
во серија од 11 натпревари без победа, последен пат триумфираа на стартот од
јануари, но Пипо Инзаги беше прилично голем оптимист на пресот и рече дека
можат повторно да го сопрат Јувентус.
Ретко кој го разбра
сериозно, но Беневенто попладнево приреди големо изненадување и со 0-1 славеше
на гостувањето во Торино.
Јувентус притискаше,
креираше неколку шанси но недостасуваше завршница. На спротивната страна, едно
недоразбирање помеѓу Де Лихт и Артур отвори шанса за гостите а Адолфо Гаич
погоди за 0-1 во 69. минута.
Потоа следуваше
опсада на голот на Беневенто, но „старата дама“ никако не успеваше да постигне
гол па мораше да се помири со пораз.
На резултатот
сигурно ќе се израдува и Интер, разликата останува 10 бода, но двата тима сега
имаат ист број натпревари.
На останатите
натпревари од 15 часот, Лацио со 0-1 триумфираше над Удинезе. Илија Несторовски
го одигра второто полувреме, но не можеше да спречи пораз. Еден гол имаше и на
мечот во Џенова, како Сампдорија со 1-0 го совлада Торино.