Белоти во Рома дојде како слободен играч и потпиша едногодишен договор.
Тој често е на теренот, особено во вториот дел од сезоната, важи за огромен борец, но не е ефикасен, нема ниту еден погодок во Серија А, стрелаше прецизно само во Лига Европа и Купот на Италија.
Рома има опција да му го продолжи договорот на уште две години.
Според „Кориере дело Спорт“, Белоти е подготвен да прифати и намалување на платата за да се активира таа клаузула.
На Мурињо му е потребна длабочина во составот, тој е во одличен однос со Белоти и е задоволен од борбеноста која ја покажува фудбалерот на теренот, па нема да биде чудно доколку соработката продолжи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.