Белоти конечно ќе потпише за Рома, римскиот клуб направи простор

by
1 минути читање

19-годишниот талент од Гана, даде зелено светло за перманентен трансфер во Кремонезе кој за него ќе ѝ плати на Рома 7 милиони евра.

Во договорот нема да има клаузула со која Рома ќе има право повторно да го откупи Феликс за одредена сума, иако римскиот клуб сакаше да се вметне и тоа во договорот.

Овој трансфер ќе значи дека Белоти ќе пристигне на Олимпико. Тој досега тренираше индивидуално во Сицилија, ги одбиваше другите понуди и чекаше Рома да направи простор за него.

Белоти наскоро ќе потпише тригодишен договор за годишна плата од 2,8 милиони евра по сезона плус бонуси. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×