86
Рома се обидува да го продаде Шомуродов на Болоња, а потоа да потпише со Белоти. Работите постојано се одолговлекуваат, а тоа влијае на расположението на веќе поранешниот играч на Торино.
Белоти ѝ кажал на Рома дека може да чека уште 72 часа и потоа ќе почне да ги разгледува и другите понуди кои пристигнуваат на негова адреса.
Тој има неколку понуди, а една од најсериозните е таа на Галатасарај.
Белоти сака во Рома, дава предност на римскиот клуб, но волчицата ќе мора да побрза за да го ангажира.