114
Англиската ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем одлучил со операција да ја санира повредата на рамото, но тоа ќе го направи по завршувањето на Светското клупско првенство.
Белингем веќе подолго време игра со болки во рамото, за да ја отстрани повредата која го мачи ќе треба да биде подложен на операција.
Но, хирушкиот зафат нема да се случи по крајот на Ла Лига, туку Англичанецот ќе стисне заби и ќе го одигра и Светското клупско првенство.
Потоа ќе замине на операција и ќе го почне процесот на рехабилитација.