Белингем ќе стане најплатен играч во историјата на Дортмунд, за возврат ќе прифати откупна клаузула од 150 милиони?!

by
1 минути читање

19 годишниот Џуд Белингем важи за еден од најперспективните играчи во Европа и се најавува дека летоска Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити ќе водат битка за неговиот потпис.

Но како што пренесува Билд, Борусија Дортмунд ќе се обиде да го задржи Англичанецот барем уште една сезона.

Во следните денови, спортскиот директор Себастијан Келн ќе седне на разговор со таткото на фудбалерот, Марк Белингем и ќе му го презентира планот.

Борусија Дортмунд е подготвена да му даде на Џуд Белингем плата од 15 милиони евра и да го направи најплатениот играч во историјата на клубот.

Во исто време, во договорот ќе биде вметната и откупна клаузула од 150 милиони евра, со која Џуд Белингем ќе може да направи трансфер летото во 2024 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×