Белингем фаќал врски за да ја добие „5та“ на Зидан: Мe инспирира овој број

by
1 минути читање

19 годишниот Џуд
Белингем е новиот „галактико“ на Флорентино Перез, Реал Мадрид синоќа го комплетираше
трансферот вреден 103+34 милиони евра, па Англичанецот денеска се појави пред
медиумите.

„Задоволство е да
се биде тука, Реал е најголемиот клуб во историјата, не му се укажува шанса на
секого да заигра тука. Благодарен сум им на луѓето кои ме донесоа и ми дадоа
прилика да го облечам белиот дрес“
– вели Белингем.

Тој го одбра
дресот со број 5, кој во минатото го носеше легендарниот Зинедин Зидан.

„Најпрво сакам да
му се заблагодарам на Ваљехо што ми го отстапи бројот, разговаравме и не правеше
проблеми. Се работи за одлично момче, навистина сум му благодарен“.

„Го обожавам
Зидан многу, негов
oто
наследство во овој клуб и со овој дрес. Ме инспирира овој број, чест и
задоволство е да се носи „5та“. Сепак, јас сум малку поинаков профил на
фудбалер“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани