67
Борусија Дортмунд ова лето го продаде Ерлинг Халанд, а гласините велат дека следното лето сигурно ќе останат без Џуд Белингем за кого исто така има голем интерес од гигантите.
Во интервју за ТВ каналот на Борусија Дортмунд, Белингем покажа голема скромност, вели дека не се чувствува како посебен човек само затоа што игра фудбал.
„На крајот на денот јас сум само Џуд. Одам на училиште како и секој друг, израснав како и секој друг, имав среќа да почнам да играм фудбал како и сите други. Не се гледам себеси како посебен човек само затоа што играм професионален фудбал“, вели Белингем.