26
Џуд Белингем игра фантастично Светско првенство, ноќеска постигна два гола во победата над Мексико од 3-2 и беше прогласен за играч на натпреварот.
Досега на Мундијалот тој има пет погодоци и трипати на пет натпревари беше прогласуван за најдобар на мечот.
По вчерашната победа Белингем имаше порака до англиските фанови.
„Напијте се уште една тура, пишете им на шефовите и кажете им дека утре нема да дојдете на работа“, им порача Белингем.