Белингам не е нормален, со гол во 95. минута му донесе три бода на Реал против Хетафе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На целосно реновираниот
„Бернабеу“, Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 2-1
против Хетафе.

Гостите поведоа
по десетина минути игра, Мајорал погоди за 0-1. „Кралевите“ се вратија во игра
на стартот од вториот дел, Хоселу изедначи на 1-1.

За целосен
кам-бек се чекаше до судиското надополнување, кога Белингам прв стигна до една
одбиена топка и ја затресе мрежата за 2-1 и огромна радост.

За Англичанецот
ова беше петти погодок на четири натпревари во Ла Лига по трансферот од
Борусија Дортмунд вреден преку 100 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×