112
Она што со денови наназад беше предмет на шпекулации, денес доби и официјална потврда, Марко Арнаутовиќ го напушта Интер.
Информацијата ја соопшти самиот напаѓач за време на репрезентативната пауза додека е на подготовките со Австрија.
„Заминувам од Интер како слободен играч. Повеќе нема да бидам дел од тимот“, потврди напаѓачот.
Во јавноста веќе кружат најави дека неговата следна дестинација би можела да биде белградска Црвена звезда, клуб којне го крие интересот за 36-годишниот голгетер.
Сепак, ќе треба да се почека да се види каква ќе биде одлуката на Арнаутовиќ.