Белгија подобра од Англија, супер гол на Мертенс (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англичаните со пораз се враќаат од Белгија, натпреварот беше решен за помалку од 25 минути игра.

Белгија поведе со гол на Тилеманс уште во десетата минута, а во 24. минута со прекрасен гол од слободен удар Мертенс ги постави конечните 2-0.

Италија поведе во 27. минута против Полска со гол на Жоргињо од пенал, победата ја завери Берарди на шест минути до крајот.

Во Лигата А се одиграа уште два меча, Данска со 2-1 го победи Исланд, а претходно Холандија со 3-1 славеше над Босна и Херцеговина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани