Беќири: Го почитуваме Силекс, во финалето ќе решаваат нијанси

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија по осум години повторно ќе игра финале во Купот на Македонија, тетовскиот тим утре против Силекс ќе се бори за трофејот.

Во таборот на актуелниот шампион владее оптимизам пред натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“, а тренерот Јетон Беќири очекува неизвесен дуел во кој нијанси ќе го решаваат победникот.

Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе да победиме утре. Пред се сакам фер натпревар и да има коректно судење, па кој ќе е посреќен нека се радува на крај“, рече Беќири.

Капитенот на Шкендија, Арбин Зејнулаи порача дека амбициите на клубот секогаш се највисоки и верува дека тимот може да стигне до трофејот.

Шкендија секогаш пред почетокот на сезоната игра за титули дома и добар настап во Европа. Ова е многу важен меч за нас и ако го дадеме максимумот, мислам дека на крајот ќе стигнеме до трофејот“, изјави Зејнулаи.

Борбата за трофејот во Купот се игра в среда во терминот од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×