Одлуката на ФИФА
да го додели мундијалот во 2022 година на Катар е често критикувана, па
властите на оваа земја се обидуваат да се промовираат на секој начин. Последниот
потег е ангажман на легендарниот Дејвид Бекам, кој ќе трба да биде лицето на
Светското првенство но и амбасадор во следните десет години.
Секако, парите не
се проблем за Катарците, па поранешниот фудбалер ќе добие 150 милиони фунти
(околу 180 милиони евра).
Катар често е
критикуван поради човековите права, односно дискриминацијата кон жените и геј
заедницата, но се говори дека Дејвид Бекам добил одредени гаранции, односно за
се поголемиот број на жени вклучени во политиката, како и тоа дека ќе биде
дозволено на стадионите да се веат знаменца со боите на виножитото, кои се
заштитен знак на ЛГБТ заедницата.
Дејвид Бејам исто
така пред да ја потпише оваа супербогата соработка се консултирал со својоата
сопруга Викторија.