74
Алексис Санчез ќе ја носи „седмицата“ на Дејвид Бекам во Манчестер јунајтед. Поранешниот фудбалер беше запрашан што мисли за трансферот.
„Се уште не можам да поверувам дека се случи. Зачудувачки е да се види, беше дел од голем клуб како Арсенал, а потоа се пресели неколку часа северно во најголемиот клуб“, вели Бекам.
„Му посакувам среќа. Фан сум на Манчестер јунајтед и возбуден сум кога некој со таков талент ќе го облече дресот на нашиот клуб. Па ова е возбудлив период за нас“.