Герет Бејл повторно
ќе го облече дресот на Тотнем, Велшанецот се враќа во клубот каде се
промовираше во фудбалска ѕвезда и беше продаден на Реал Мадрид за 101 милион
евра.
Соопштението
очигледно ги крена на нозе навивачите, па сајтот на „спарси“ падна и има
потешкотии при отварањето.
We are delighted to announce the return of @GarethBale11 to the Club on a season-long loan from Real Madrid!#BaleIsBack #COYS pic.twitter.com/6w8P1CLx61
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 19, 2020
Детали не беа
откриени, но се шпекулира дека Тотнем ќе плати 20 милиони фунти, бројка со која
ќе биде покриен дел од платата, а одредена сума ќе добие и Реал Мадрид за
позајмицата.
Покрај ангажманот
на Герет Бејл, „спарси“ го потврдија и трансферот на Серхио Регилон. Левиот бек
е купен за 30 милиони евра а Реал Мадрид ќе добие опција во следните две години
да го врати во своите редови за 40 милиони евра.
We are delighted to announce the signing of Sergio Reguilón from Real Madrid!#HolaReguilón #COYS pic.twitter.com/XYBxS4w4Sd
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 19, 2020