Герет Бејл
повторно е во фокусот. Откако против Алавес заштитната маска ја стави преку очи
и малку дремна на трибините, вечерва против Гранада правеше двоглед.
Медиумите од Шпанија
имаат теорија за ваквото срамно однесување на Велшанецот и велат дека напаѓачот
намерно прави глупости за да го изнервира Флорентино Перез и да го натера претседателот
на Реал да му ги исплати последните две години од договорт и потоа тој слободно
да си одбере друг клуб.
Герет Бејл е
најплатен на „Бернабеу“ со примања од околу 17 милиони евра и тешко дека некој друг
клуб од Европа може да му понуди вакви услови, па затоа тој не беше премнгогу желен
да замине од Мадрид минатото лето.
Pendant que Karim #Benzema s’amuse sur le terrain, Gareth #Bale, lui, amuse la galerie des les tribunes. pic.twitter.com/W4vNpwEZcX
— Goal France