Бастони тргна да го слави големиот успех на Интер, па му симна капа на Ламин Јамал: Ти си ѕвер!

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Интер, Алесандро Бастони со мало задоцнување се огласи на социјалните мрежи за да го прослави пласманот во финале на Лигата на шампиони и му симна капа на младиот Ламин Јамал.

Интер и Барселона одиграа два спектакуларни натпревари во полуфиналето на Лигата на шампиони, на крајот „нероаѕурите“ со вкупен резултат од 7-6 се изборија за финале.

Два дена по натпреварот во Милано, Алесандро Бастони се огласи на социјалните мрежи за да го прослави големиот успех, но и да му симне капа на младиот Ламин Јамал, кој го стави на голема мака.

„Дури сега почнувам да сфаќам до какво неверојатно достигнување стигнавме во вторникот. Изгинавме на теренот и за тоа бевме наградени, не само со пласман во финале, туку и со незаборавна енергија на нашите навивачи. Му благодарам на секој соиграч – духот, гладта за успех и срцето оставено на терен. Токму поради вакви моменти вредат сите жртвувања кои сме ги правеле како деца“ – напиша Италијанецот.

„Почит и за нашите противници, покажаа неверојатна сила. Особено мора да нагласам едно навистина талентирано момче: Ламин Јамал, ти си ѕвер!“

„До сите Интеристи, се гледаме во Минхен. Во благодарам за се“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани