Баскија е на нозе, Атлетик Билбао по 40 години го освои Купот на Шпанија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Финалето меѓу Атлетик Билбао и Мајорка се играше во Севиља, а победникот го решаваа пеналите.

Мајорка поведе со гол во 21. минута на Дани Родригез кој убаво пласираше во мрежата на Билбао за радост за својот тим.

По пет минути игра во второто полувреме Сансет постигна убав гол за израмнување на 1-1. Тоа беше и конечниот резултат по 90 минути игра.

Се играа и продолженија, но и во нив немаше победник, резултатот остана ист, па пеналите беа тие кои решаваа.

За Атлетик Билбао погодија сите изведувачи, за Мајорка промашија Моралес кој биеше лошо и Агирезабала одбрани, а Радоњиќ го префрли голот.

За Атлетик Билбао ова е 24. титула во Купот на Шпанија, но прва по 1984 година Во меѓувреме загубија шест финалиња пред да победат овојпат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани