Башкими: Нема факти дека нашиот тим не играл фер!

by riste
1 минути читање

Башкими излезе со соопштение по повод спорната победа против Кожуф во Гевгелија која крена многу прашина во македонската фудбалска јавност.

Мечот го Гевгелија, Башкими го доби со гол во 94. минута. Фудбалерите на Кожуф буквално застанаа на теренот и му дозволија на кумановскиот клуб да постигне погодок.

„Загрижени сме и огорчени поради оркестрираните напади врз нашиот клуб, врз гордоста на Куманово кој направи многу за спортот, културата и младите. ФК Башкими 1947 не е само клуб, туку семејство создадено со децении и децении, со многу труд, пот и жртва. Башкими сега е посилен од било кога и тоа им пречи на негативците, сега кога го оживува сонот на многу Кумановци желни за спорт, а особено за фудбал.

„Настанот во Гевгелија крена невидена прашина за само на нашиот клуб да се прекине патувањето. Нашиот клуб со најголема одговорност ги информира сите дека овој меч како и сите други беше чист и со голема заслуга ги освоивме трите бода. Веруваме дека овој напад ќе прекине бидејќи нема факти, аргументи или индикација дека нашиот клуб не играл фер-плеј“, се вели во дел од соопштението на Башкими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани