Заврши низата од шест натпревари без пораз откако Башкими денеска загуби на гостувањето кај Арсими со 2-4 во првиот меч од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Арсими и Башкими го отворија вонредното 12 коло во најдобрата македонска лига, бодовите останаа во Гостивар.
Башкими по ремито со Македонија Ѓорче Петров во минатото коло му даде отказ на тренерот Муарем Муарем, а веќе денеска, во првиот меч без него беа поразени.
Кумановскиот тим беше во серија од шест меча без пораз, па беше несфатлива тренерската промена, но раководството на клубот си има свои математики.
Денешниот меч беше отворен во 36. минута кога Таипи даде гол за водство на Арсими од 1-0, само две минути подоцна Мемети даде гол за израмнување на 1-1.
Сепак, Арсими на полувремето замина со водство откако Дардиша погоди за предност на домаќините од 2-1.
Во второто полувреме Шефити даде два гола за водство на Арсими од 4-1, а Аворнио во судиското продолжение ги постави конечните 4-2.