Бартра се потсети на бомбашкиот напад врз автобусот на Дортмунд: Ќе му ја отсечеше главата на тој до мене

by bojan
1 минути читање

Дефанзивецот Марк Бартра се потсети на бомбашкиот напад врз автобусот на Борусија Дортмунд во 2017 година, откри дека еден од шрапнелите завршил во седиштето до него, када за среќа немало никого бидејќи тој што требал да седи отпаднал поради повреда.

На 11. април 2017 се случи голем инцидент, автобусот на Борусија Дортмунд беше цел на бомбашки напад.

На пат кон стадион пред натпреварот против Монако во Лигата на шампиони, се случи експлозија покрај патот и го оштети автобусот во кој беше експедицијата на „милионерите“.

За среќа немаше жртви, а еден од повредените, Марк Бартра сега се присети на тој црн ден.

„Изгледаше како да се наоѓаме среде воена зона. Чад, мирис на барут, скршени стакла, шрапнели, од кој еден ме погоди во зглобот“ – вели дефанзивецот кој сега ги брани боите на Бетис.

„Почнав да крварам, не можев да ја помрднам раката, болката беше неподнослива. Шрапнелот ми ја скрши коската и го распарчи седиштето до мене, за среќа никој не седеше таму тој ден. Не знам дали го имам кажано ова, но играчот кој требаше да седи таму беше повреден и фрустриран што не може да игра. Но на крајот испадна дека повредата е најдоброто нешто што му се случило во животот. Доколку седеше до мене, шрапнелот ќе му ја отсечеше главата“.

Тој потоа додаде: „Имаше неколку страшни минути, се слушаа врисоци, сите беа уплашени. Ушите ми зуеја. Никој не знаеше што се случува. Губев свет поради болката и тоа што крварев. Еден од физиотерапевтите дојде до мене со ползење, помогна колку што можеше, направи турникет од мојата тренерка. Имаше еден момент кога помислив дека тука е дојден крајот на мојата приказна“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани