Хорхе Меси треба
да пристигне во Барселона и да се сретне со Жозеп Мариа Бартомеу, давајцата ќе
треба да најдат решение за иднината на Аргентинецот.
Од таборот на
Барселона порачаа дека можат да преговараат само за нов договор, а доколку напаѓачот
сака да замине, единствен начин е откупната клаузула од 700 милиони евра. Од
кампот на Лео Меси пак сметаат дека тој повеќе не е обврзан кон Барса бидејќи
со итен допис ги известил дека ја активира клаузулата за едностран прекин на
договорот.
Останува да се
види како двете страни ќе ја изменаџираат ситуацијата, а според новинарот Гиљем
Балаге, Жозеп Мариа Бартомеу на маса ќе стави одреден компромис. Претседателот
на Барселона ќе му понуди на Лео Меси да го обнови договорот, да одигра уште
една сезона и следното лето да си оди за беспари.
Бартомеу на ваков
начин ќе му го префрли жешкиот костен на новиот претседател, со оглед на
тоа дека тој ќе биде на чело на Барселона до март, кога ќе има избори.