Барселона потроши повеќе од милијарда евра за „Камп Ноу“, а вчера на стадионот настана потоп (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона синоќа на одличен начин ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го Феенорд со резултат 5:1, но не сите работи на „Камп Ноу“ беа така добри.

За жал за Барселона, на стадионот на каталонскиот гигант паѓаше силен дожд, а тоа предизвика сериозно протекување на целиот дел од трибината каде што се наоѓа ВИП ложата и просторот за медиумите.

Просторот наменет за новинарите протекуваше толку многу што беше снимен вистински потоп. Бројни места беа целосно неупотребливи. Очигледно е дека „Камп Ноу“ има големи проблеми, иако сè уште трае процесот на реновирање, со кој вредноста на стадионот ќе достигне неверојатни 1,5 милијарди евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×