Голем број на извори пренесуваат дека Рафиња не успеал да се опорави на време и ќе го пропушти дербито против Реал Мадрид.
Ханси Флик ќе мора без Рафиња на „Ел Класико“, Бразилецот оваа недела се врати на тренинг, но ја обнови повредата.
Како што објави новинарот Жерард Ромеро, офанзивниот фудбалер се пожалил на болки на крајот од синоќешниот тренинг, денеска воопшто не тренирал, па нема шанси да настапи во недела на „Бернабеу“.
Жил Кунде исто така два дена тренира индивидуално во теретана, но неговата повреда не е сериозна, и тој ќе биде во комбинација.
Френки де Јонг и Андрес Кристенсен, кои имаа стомачен вирус, полека се опоравуваат, па се очекува и тие да му се стават на располагање на Ханси Флик.