„Каталонците“ ова
лето не успеаја да го ангажираат Лео Меси и покрај тоа што често се шпекулираше
дека Аргентинецот повторно ќе го облече дресот на Барса, напаѓачот на крајот
реши да се пресели во МЛС, во редовите на Интер Мајами.
И додека Лео Меси
прави шоу во САД на секој натпревар (утрово постигна спектакуларен гол од
слободен удар и го спаси Интер Мајами од пораз), Барселона зад сцената уште
сега работи на негово враќање на Камп Ноу.
„Фудбал Трансфер“
пишува дека Жоан Лапорта и неговите соработници опипуваат терен за позајмица за
време на зимската пауза во МЛС, односно „формулата Бекам“.
Регуларната
сезона во МЛС завршува во октомври, додека пак плеј-оф натпреварите се играат
до почетокот на декември. Потоа има пауза до крајот на февруари, па Барселона
ќе го донесе Лео Меси со намера Аргентинецот да остане во топ форма, Дејвид Бекам како член на ЛА
Галакси во два наврати го користеше ова оправдување за да игра на позајмица во
Милан.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.