Барселона со спектакуларен пресврт и пенал во 97. минута ја победи Селта (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона во еден фантастичен натпревар славеа победа над Селта со резултат 4-3.

Барселона прва дојде до водство со голот на Феран Торес по 12 минути игра, но Селта преку Иглесијас веќе во 15-тата дојде до израмнување.

Вторите 45 минути донесоа многу поголеми возбудувања. Иглесијас постигна втор гол во 52. минута, а десет минути подоцна стигна и до хет-трик за предност на Селта од 1-3.

Но, избраниците на Флик успеаа брзо да возвратат во период од шест минути со головите на Олмо и Рафиња стигнаа до 3-3.

Победата за каталонскиот гигант ја обезбеди Рафиња со својот гол, сега од пенал во седмата минута од судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани