Со прекрасен гол на Ламин Јамал и погодок на Фермин во судиското продолжение, Барселона победи на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол со 2-0 и ги освои бодовите кои им беа потребни за на две кола до крајот да ја заверат шампионската титула.
Барселона по 28. пат е шампион на Шпанија, Ханси Флик во својата прва сезона како тренер на каталонскиот тим го освои големиот торфеј.
Барса победи и во Купот на Шпанија, па оваа сезона прославуваат двојна круна.
Еспањол не успеа да го спречи ривалот на нивниот стадион да стане шампион. Сино-белите беа подобри во првото полувреме не дадоа гол.
А во воведните минути од вториот дел Ламин Јамал постигна прекрасен гол за водство на Барса од 1-0.
Ситуацијата за Еспањол стана уште потешка во 80. минута кога Кабрера заработи директен црвен картон по еден намерен удар во стомакот на Ламин Јамал.
Конечните 2-0 ги постави Фирмин со погодок во судиското продолжение од натпреварот.
По последниот судиски свиреж почна славјето на Барселона, а главната прослава низ градските улици е закажана за утре.
🚨🇪🇸 GOAL | Espanyol 0-1 Barcelona | Lamine Yamal
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) May 15, 2025
WHAT A FANTASTIC GOAL FROM LAMINE YAMAL !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/D9Zxdz4dFb