Новинарот Фабрицио Романо вели дека Барселона доставила понуда од 100 милиони евра за ангажман на Хулијан Алварез, напаѓачот веќе го известил Атлетико Мадрид дека сака да замине.
„Каталонците“ изминативе години кубурат со финансии и не се расфрлаат со пари на трансфер пазарот, но се чини дека ова лето се враќаат на големо.
Барселона веќе договори трансфер на Ентони Гордон од Њукасл вреден околу 80 милиони евра, и веднаш се насочи на следната зделка.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека е испратена понуда од 100 милиони евра (без бонуси и играчи за трампа) за ангажман на Хулијан Алварез. Тој исто така додава дека напаѓачот веќе го известил Атлетико Мадрид дека сака да замине.
Останува да се види дали оваа сума ќе биде доволна, или Жоан Лапорта и Деко ќе треба да бркнат подлабоко во џебот, одредени извори велат дека Барса на страна има тргнато 120 милиони евра за комплетирање на оваа зделка.
И не само тоа, клубот од Камп Ноу размислува и за трет мега трансфер ова лето и ангажман на Јошко Гвардиол од Манчестер Сити.
Хрватот сака да ја промени средината, па Барселона сака да ја искористи ситуацијата за да ја засили одбраната.
Доколку бидат реализирани овие трансфери, ќе мора да се направат одреди жртвувања и на продажба ќе се најдат играчи како Феран Торес, Жил Кунде, Френки де Јонг и Алехандро Балде.