Барселона се обидува да дојде до Рафиња, Лидс сака да го испочитува договорот со Челси

by
1 минути читање

Челси и Лидс се договорија за трансфер на Рафиња, но се уште нема договор меѓу сините и бразилскиот фудбалер.

Во меѓувреме Барселона се обидува да го украде, тие испратиле официјална понуда до Лидс, но засега англискиот клуб нема намера да ја прифати.

Лидс сака да го испочитува договорот со Челси, но веројатно Рафиња ќе биде тој што ќе одлучи.

Се верува дека фудбалерот преферира преселба во Барселона и може тоа да биде пресудно за трансфер на Камп Ноу.

Доколку Рафиња заврши во Барселона, реални ќе бидат очекувањата на Челси, Дембеле да пристигне на Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани