181
Гвардиола влегува во последната година од договорот со Манчестер Сити. По крајот од сезоната клубот и тренерот ќе седнат на разговори за евентуално продолжување на соработката.
Но според „Дејли Експрес“, Барселона посакува да го врати Гвардиола на Камп Ноу и будно ги следи случувањата на Етихад.
Откако Пеп си замина од Барселона, тие само еднаш ја освоија Лигата на шампионите. Додека Гвардиола беше нивни тренер за четири сезони им донесе 14 трофеи.
Тие веруваат дека полесно ќе го убедат да се врати доколку остане забраната за Манчестер Сити за настапи во Лигата на шампионите во наредните две години.