Барселона сака да го купи единствениот фудбалер кој Валенсија не го продава

by
1 минути читање

„Лилјаците“ имаа лоша сезона, не беше обезбеден настап во Европа па ќе мора да се кратат трошоците и да се продаваат фудбалери за да се надмине лошата финансиска состојба.

Феран Торес е продаден на Манчестер Сити за 23+12 милиони евра, а Дани Перехо и Франсис Коклан се пред трансфер во Виљареал во зделка плати еден земи уште еден бесплатно, односно „жолтата подморница“ ќе одвои само 13 милиони евра за Французинот и нути едно евро за капитенот на Валенсија.

Барселона сака да ја искористи ваквата ситуација на Местаља за да го донесе Хозе Луис Гаја. Но има еден проблем, левиот бек е еден од ретките фудбалери кои не се на продажба, или подобро кажано, последен ќе биде ставен на трансфер пазарот.

„Каталонците“ се без квалитетна замена за Жорди Алба, и подолго време во тефтерот го имаат името на Хозе Луис Гаја.

Тоа што Валенсија во овој момент не сака да се ослободи од левиот не е единствената пречка, пред да тргнe во офанзива, Барса ќе треба да се ослободи од Жуниор Фирпо, кој не ги оправда очекувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани