Барселона денеска
потврди дека е договорен трансферот на Жил Кунде, дефанзивецот ќе биде петто
засилување за Чави ова лето.
Но „каталонците“
нема да застанат тука, планот е да се донесе нов десен бек и нов лев бек. Сезар
Аспиликета и Маркос Алонсо се играчите идентификувани од Чави, но се чини дека
зделките се практично невозможни, Челси одбива да преговара откако Барса им ги
украде Рафиња и Кунде.
Па веќе се
разгледуваат други опции и според пишувањата на АС, планот Б во случајот на
Маркос Алонсо се вика Серхио Регилон.
Шпанецот е вишок во
Тотнем, Антонио Конте не смета на неговите услуги, па еден од неговите агенти пред
десетина дена се сретнал со Матеу Алемани и Жорди Кројф.
Како што
пренесува АС, агентот ги известил директорите на Барселона дека Серхио Регилон со
задоволство ќе се пресели на Камп Ноу и покрај тоа што е поранешен играч на
Реал Мадрид.
„Кралевите“ имаа
опција да го вратат во своите редови за сума од 40 милиони евра, но тешко е за
верување дека ќе се решат на еден ваков чекор.
Барселона сепак
не е без конкуренција, Севиља исто така пројавува интерес за услугите на левиот
бек.