Барселона се
појавува како една од неколкуте клубови кои се заинтересирани за услугите на 27
годишниот централен дефанзивец на Челси, Антонио Рудигер.
Германецот се
чини дека повеќе не е во преден план кај својот тренер Франк Лампард, беше
изоставен во воведните две кола од новата сезона во Премиерлигата, а освен тоа,
не доби прилика за настап ниту во Купот синоќа.
Поради таквиот
статус на Рудигер во Челси, неколку клубови пријавија интерес за услугите на
дефанзивецот, а „Кикер“ известува дека Барселона и Рома се клубовите кои се
најзагреани за Рудигер, само неколку седмици откако Челси размислуваше да му
понуди нов договор на својот фудбалер.
Истовремено, „Кикер“
додава дека и други гиганти во Европа се заинтересирани за Рудигер, а се
споменува и ПСЖ, кој наводно посакува позајмица на Германецот.