Барселона се врати на тронот во европскиот женски фудбал откако во финалето на Лигата на шампионите убедливо го совлада Лион со 4-0 и ја освои четвртата титула во последните шест сезони.
Отпорот на Французинките беше скршен во 55. минута кога Ева Пајор погоди по асистенција на Патри Гихаро. Полската напаѓачка подоцна уште еднаш ја затресе мрежата и практично го реши финалето. Во самиот финиш Барселона целосно доминираше, а Салма Параљуело со два гола во завршницата ги постави конечните 4-0.
Одличниот настап на Пајор беше заокружен со два гола и една асистенција, а сезоната во Лигата на шампионите ја заврши како најдобар стрелец со 11 погодоци.
Инаку, Барселона се врати на тронот откако претходната сезона го загуби финалето од Арсенал.