Барселона постигна гол за победа, ВАР со спорна одлука го поништи! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Гранада по половина час веќе имаше предност од 2-0 против Барселона, двата гола беа дело на Сарагоса. Во судиското продолжение од првиот дел Јамал постигна погодок и намали на 2-1.

Во 85. минута Серхи Роберто погоди за израмнување на 2-2. Барса во последните минути тргна и кон победа, постигна трет гол, но тој беше поништен.

Во 94. минута Жоао Феликс го даде голот, тој не беше во офсајд, но Феран Торес беше. Иако Торес не ја допре топката, ВАР сметаше дека тој влијаел на движењето на голманот и го поништи погодокот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×