Барселона подготвува астрономска понуда за Хулијан Алварез!

by bojan
1 минути читање
Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е прва желба на Барселона за засилување на нападот

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона не се откажува од идејата да го ангажира Хулијан Алварез и ќе тропне на вратата на Атлетико Мадрид веќе во јануари.

„Каталонците“ цело лето се обидуваа да го ангажираат Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид одби да го продаде напаѓачот на ривалот од Ла Лига.

Ова креираше тензична ситуација, во последните денови од преодниот рок Аргентинецот падна во депресија и пропушти неколку тренинзи.

Но откако му стана јасно дека Атлетико нема да го промени ставот, тој се помири со ситуацијата и почна повторно да работи со соиграчите.

И покрај тоа што не поминаа ниту 24 часа од крајот на преодниот рок, медиумите од Шпанија велат дека Барселона подготвува астрономска понуда.

Новинарот Санти Оваље вели дека клубот од Камп Ноу не се откажува од идејата да го ангажира Хулијан Алврез и ќе тропне на вратата на Атлетико веќе во следниот преоден рок.

Парите што биле планирани за врвен напаѓач се тргнати на страна, па во јануари ќе биде доставен нов предлог, веројатно вреден околу 130 милиони евра.

Прашањето е дали Атлетико ќе пропушти, а „Ел Чирингито“ смета дека за 150 милиони ева ќе може да се реализира трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×