Барселона почнува да продава, а тоа е клучно за регистрација на новите засилувања

by
1 минути читање

Операцијата за продажба започнува. Прв договор за заминување ќе има дефанзивецот Оскар Мингуеза.

Според весникот „Спорт“, Барселона и Селта постигнале договор за Мингуеза, останува уште фудбалерот да ги договори личните услови и трансферот да биде комплетиран.

Ако се оди според планот, Мингуеза ќе потпише четиригодишен договор со Селта, а Барселона ќе добие 2 милиони евра плус процент од следниот негов трансфер.

Барселона сакала најмалку 5 милиони евра, но на Каталонците очајно им треба намалување на ставката за плати во клубот, па тоа Селта успешно го искористила во преговорите и ќе плати само 2 милиони евра.

Мингуеза беше еден од петте фудбалери кои не отпатуваа со тимот на турнејата во САД.

Главен проблем на Барселона е да го продаде Де Јонг од него најмногу ќе заработи и ќе ослободи најмногу средства за плати. Но Холанѓанецот нема намера да си замине.

Како и да е, во наредниот период се очекува неколку играчи да ја напуштат Барселона, Мигуеза е само почеток на процесот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани