Роберт Левандовски очајно посакува трансфер во Барселона, но засега Баерн Минхен игра тврдо и од таму велат дека нема да го пуштат, тој има договор на уште една година и треба да го испочитува.
Доколку не се промени нешто во ставот на Баерн Минхен, Левандовски ова лето нема да заигра за Барселона, а со оглед на годините можеби и никогаш нема да се пресели на Камп Ноу.
Според весникот „Спорт“, Барселона веќе размислува за алтернативи, а прв избор е Жерард Морено од Виљареал.
30-годишниот напаѓач имаше повреда минатата сезона, но беше ѕвезда на жолтата подморница во Лига Европа кога го освоија натпреварувањето.
Виљареал за него ќе прифати понуда од околу 40 милиони евра, тој има долг договор со нив, до 2027 година и тие немаат намера евтино да се откажат од неговите услуги.