169
„Каталонците“ утрово продадоа нови 24,5% од „Барса Студиос“ и прибраа дополнителни 100 милиони евра, па сега Ла Лига треба да каже дали можат да бидат регистирани сите летни засилувања и фудбалерите кои ставија потпис на нов договор.
Се стравува дека и четвртата трансакција нема да биде доволна, па Барса работи на сценарио кого да го жртвува.
Поголем број на извори пренесуваат дека Жил Кунде нема да биде регистриран за воведното коло доколку Ла Лига прави проблеми.
Французинот дојде последен, најмалку е интегриран во составот, а плус Чави и Барселона се добро покриени на централната дефанзивна позиција.