Не е тајна дека
Реал Мадрид од поодамна го посакува Нејмар, но Бразилецот би добил причина плус
за да остане во редовите на ПСЖ ако во редовите на францускиот шампион се
приклучи неговиот сонародник Кутињо.
Токму Кутињо е
фудбалерот кого Барселона го нуди на ПСЖ а за возврат да го добие Килијан Мбапе,
кој би можел да биде наследникот на Луис Суарез во нападот на Каталонците кои
подолг период се во потрага по напаѓач за подолг рок на таа позиција.
Дон Балон пишува
дека Барселона со ова целосно ќе го стопира Реал Мадрид во обидите да дојде до
потписот на Нејмар, а информациите велат дека Бразилецот наводно не е среќен во
француската престолнина, наводно би бил доколку крај себе би имал барем еден од
своите посакувани соиграчи, еден од нив е секако Кутињо кој би променил многу
работи во однос на тоа прашање.
Барселона наводно е подготвена да издвои 150 милиони евра за да ги реализира своите планови, а како што претходно наведовме, во понудата би го вклучила и Кутињо. Инаку, за да ги израмни сметките, на ПСЖ очајно му се потребни 190 милиони евра, во спротивно ќе се соочи со казна од УЕФА, односно исфрлање од Лигата на шампионите.
Во однос на
Мбапе, најдобриот млад фудбалер на последното Светско првенство кое изминатото
лето се одржа во Русија, ќе биде отворено прашањето за тоа кој фудбалер
најмногу ќе посакува ПСЖ да го задржи во своите редови, извесно е дека одлуката
ќе падне на Нејмар.