Барселона нема да види многу ќар од позајмицата на Умтити во Лече, „каталонците“ ќе плаќаат дури 90% од платата

by
1 минути читање

Барселона со години бара нов клуб за Самуел Умтити но дефанзивецот никако да замине од Камп Ноу. Сепак, ситуацијата се промени минатата недела кога Лече неочекувано тропна на вратата.

Последните информации велат дека двата клуба ги пеглаат деталите за позајмица, но се чини дека Барса нема да има многу ќар од зделката.

„Каталонците“ ќе го покриваат поголемиот дел од платата, одредени извори пишуваат дека станува збору за дури 90% од примањата на Французинот, додека Лече ќе одвојува симболична сума (10%) за се да биде во склоп со правилата.

Барса сепак може да добие некое евро плус во форма на бонуси кои ќе бидат поврзани со минутите кои ќе ги одигра Самуел Умтити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×