Барселона НЕ го купува Рашфорд, но летото може да донесе нов пресврт

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона решила да не ја активира клаузулата со која може да го купи Маркус Рашфорд за 30 милиони евра, но тоа не значи дека „каталонците“ се откажуваат од напаѓачот.

Маркус Рашфорд имаше солидна сезона и се очекуваше тој да ја продолжи авантурата на Камп Ноу, но на Барселона и се видоа многу 30 милиони за перманентен трансфер.

Опцијата истекува на 15. јуни, но како што пренесуваат голем број на извори, веќе сега се знае дека клаузулата нема да биде активирана и Англичанецот ќе се врати во Манчестер јунајтед.

По ангажманот на Ентони Гордон, „каталонците“ го ставија Маркус Рашфорд во втор план и приоритет даваат на ангажман на нов напаѓач, по можност Хулијан Алварез.

Во текот на летото, тие веројатно повторно ќе тропнат на вратата на Манчестер јунајтед, идејата е што подоцна, односно во последните денови од преодниот рок, за „ѓаволите“ да немаат многу избор и да прифатат помала сума за трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×