Барселона направи една работа пред да го испрати Ансу Фати на позајмица во Монако

by bojan
1 минути читање

Ансу Фати попладнево го финализираше трансферот во Монако, напаѓачот се сели на позајмица до крајот на сезоната со опција во целост да биде купен за околу 11 милиони евра.

Ансу Фати минатата сезона имаше ограничена минутажа, па за да не помине уште една година на клупата за резерви, младиот напаѓач прифати да се пресели во Монако.

Шпанецот попладнево ја официјализираше преселбата во клубот од малото кнежевство, каде што ќе настапува на позајмица, со опција во целост да биде купен за околу 11 милиони евра.

Но пред да се пресели во Монако, тој стави потпис на нов договор со Барселона и ја продолжи соработката до јуни 2028.

Ова не значи дека Ансу Фати има иднина на Камп Ноу, едноставно Барселона ја распореди неговата плата од последните две години (околу 28 милиони евра бруто) на три и ослободи повеќе простор во буџетот.

ФОТО: X/AS Monaco EN

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×